Напаѓачот Моисе Кин нема да му се приклучи на Атлетико Мадрид откако не ги помина медицинските прегледи, објави „Марка“.
Прегледите покажаа дека играчот на Јувентус има повреда поради која ќе биде надвор од терените најмалку четири седмици. Ова е значаен период, поради што е бесмислено да биде ангажиран во мадридскиот тим до лето.
Моисе Кин добиваше мала минутажа во текот на сезоната во Јувентус и сакаше да се пресели во нов тим за да добие повеќе шанси за настап. Атлетико Мадрид требаше да плати половина милион евра за шестмесечна позајмица. Во договорот немаше опција за купување на италијанскиот интернационалец.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













