Connect with us

Пропадна трансферот на Мегваер, Вест Хем се повлече од преговорите

Хари Мегваер сѐ уште не го напуштил Манчестер Јунајтед и постојат сите шанси преговорите за негово заминување да се пролонгираат. Според последните информации, Вест Хем се откажал и се повлекол од трката за неговиот потпис, бидејќи не сакале повеќе да ја трпат тензијата меѓу Мегваер и Манчестер Јунајтед.

Наводно, Мегваер очекувал да му биде исплатен дел од платата, односно најмалку седум милиони фунти, бидејќи се согласил да игра за помала плата во Вест Хем. Манчестер Јунајтед ја прифати понудата од 30 милиони фунти, но не и да му плати на Мегваер, за што ни најмалку не е обврзан.

Манчестер Јунајтед плати за Мегваер околу 90 милиони евра и тој е најскапоплатениот дефанзивец во историјата на фудбалот, а тоа никако не го оправда.

Сега требаше да го продаде за трипати помалку пари, но Мегваер реши да побара дел од платата од актуелната сезона, поради што Вест Хем се повлече и понудата повеќе не важи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови