
Наполи и Пари Сен Жермен не успеаја да се договорат за трансферот на Кејлор Навас, но италијанскиот клуб повторно ќе се обиде да го доведе во јануари.
Навас (35) сакаше да направи промена на средината, откако тренерот на ПСЖ, Кристоф Галтиер, потврди дека Џанлуиџи Донарума ќе биде првиот избор на голот оваа сезона.
Наполи искажа голем интерес да го доведе со цел да ја засили конкуренцијата на голот, но неколку часа пред крајот на летниот преоден рок во Италија, раководството на клубот се откажа од овој трансфер.
„Наполитанците“ така останаа со две опции на голот, Алекс Мерет и Салваторе Сиригу.
Италијанските медиуми објавија дека Наполи нема така лесно да се откаже од Навас и ќе се обиде повторно да го доведе во јануарскиот преоден рок.
Навас ги брани боите на ПСЖ од 2019 година кога пристигна од Реал Мадрид.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Наполи ја засили одбраната со Сам Бојкема

Прва лига
Филип Купанов на голот на Башкими

Евро-фудбал
Гарначо ја одбил понудата од Ал-Наср

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го доведе и Тер Штеген

Евро-фудбал
Њукасл го купи Еланга за 60 милиони евра
