Connect with us

Пропадна трансферот на Хаким Зијеч во Ал-Наср, не ги минал лекарските прегледи

Трансферот на Хаким Зијеч во саудискиот клуб Ал-Наср најверојатно ќе пропадне откако Мароканецот не ги мина успешно медицинските прегледи. Скенирањето откри дека крилниот напаѓач има проблем со коленото.


30-годишниот Зијеч немаше среќа со трансфери во последно време, беше блиску да прејде во Пари Сен Жермен на позајмица во јануари, но договорот пропадна во последен момент бидејќи документите не беа подготвени навреме.


Челси требаше да добие 17 милиони фунти за Зијеш, а тоа ќе ги расипе и плановите на клубот од „Стемфорд бриџ“.


Зијеч има 14 гола и 13 асистенции на 107 натпревари за Челси откако потпиша од Ајакс.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови