Во македонскиот прволигаш Шкендија се очекуваат промени, кои треба да се случат веќе во текот на денешниот ден. Планирани се раздвижувања во сите структури, раководството и стручниот штаб.
За нов претседател на Шкендија треба да биде именуван Замир Дика, поранешниот директор на Универзитетот на Југоисточна Европа, а спортски директор на клубот ќе биде Харун Иса, поранешниот фудбалер од Тетово кој кариерата ја мина во Германија.
Нов шеф на стручниот штаб на Шкендија треба да биде Скендер Јонузи, а со него треба да работи и Ибрахим Османи.
Сепак, се очекува сите овие промени прво да бидат официјализирани во клупските структури.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski