
Француската репрезентација со победа го отвори Светското првенство во Катар, но остана без уште еден важен играч. Лукас Ернандез мораше да го напушти теренот веќе во првото полувреме, кога беше заменет со неговиот брат Тео. По првите прегледи веќе е констатирана тешка повреда, кинење на лигаментите на коленото, што значи дека Лукас ќе мора да паузира до крајот на сезоната.
Тоа е голем удар за Баерн Минхен, кој цели кон трофеи во сите натпреварувања, а Лукас е важна алка во тимот на Џулијан Нагелсман.
И Французите се без важен играч, а од претходно им трае пеколот со повреди, бидејќи веќе отпаднаа Н’Голо Канте, Пол Погба, Преснел Кимпембе, а потоа и Карим Бензема и Кристофер Нкунку пред Мундијалот.
Французите се први во својата група со три бода и во следното коло ќе играат со Данска во сабота од 17 часот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Милан го договори Самуеле Ричи

Евро-фудбал
Болоња го враќа Чиро Имобиле во Италија
