
Многу се зборуваше за заминувањето на Џини Вајналдум од Ливерпул откако тој прејде во Пари Сен Жермен како слободен играч пред почетокот на сезоната. Ситуацијата доби неочекуван пресврт откако фудбалерот јавно призна дека е незадоволен поради недостатокот на минутажа во составот на Маурисио Покетино.
Како врв на се, Холанѓанецот дури нема поддршка ни од своите соиграчи, а француските медиуми веќе зборуваат за негова караница со јужноамериканските колеги. Според “Л’Екип”, јужноамериканските фудбалери не соработувале со играчот за врска за време на тренинзите.
Наводно, Лионел Меси и Анхел Ди Марија, се загрижени поради тоа што Вајналдум му е директна конкуренција на нивниот сонародник од репрезентацијата на Аргентина, Леандро Паредес. Холанѓанецот има само пет настапи досега во француската Лига 1 и се надева дека брзо ќе се реши ситуацијата со неговата мала минутажа.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Фета Фетаи потпиша за Ал-Шарјах од ОАЕ

Евро-фудбал
Луис Дијаз се договорил со Баерн Минхен
