
Тренерот на Фиорентина, Винченцо Италијано, ќе има големи маки во наредниот период, со оглед на тоа што нема да може да смета на еден од најдобрите играчи оваа сезона. Крилниот напаѓач Николас Гонзалес доби позитивен тест на Ковид-19 и нема да биде во тимот најмалку десетина дена.
Фиорентина денеска ја очекува меч со Лацио, додека в недела ќе игра против Специја.
Гонзалес во досегашниот дел од сезоната одигра девет натпревари за „виолетовите“ и постигна три гола и имаше две асистенции. Тој беше стрелец минатиот викенд во победата од 3-0 над Калјари.
Гонзалес минатото лето пристигна во Фиренца од Штутгарт за 23,5 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Милан без Мајк Мењан на гостувањето кај Удинезе

Евро-фудбал
Нејмар повторно се повреди
