Европскиот првак Баерн Минхен се соочува со проблеми пред вечерашното финале на Светското клупско првенство во Катар. Коронавирусот навлезе во редовите на баварскиот тим кој останува без Томас Милер за пресметката против Тигрес. Тој се приклучува на Леон Горецка и на Хави Мартинез кои исто така се позитивни на коронавирусот.
Милер доби позитивен тест на Ковид-19 и веднаш е изолиран од останатиот дел од тимот. Ханси Флик нема да може да смета и на дефанзивецот Џером Боатенг кој побара да се врати во Германија поради смрттта на поранешната девојка.
Финалниот меч меѓу Баерн Минхен и Тигрес ќе се игра вечерва во 19 часот по средноевропско време.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













