Академија Пандев лошо ја отвори пролетната полусезона, со пораз (0-1) од Работнички на домашен терен, а проблемите за Александар Васоски продолжуваат и со повредите на стандардните првотимци. Дефанзивецот Диме Димов се здоби со сериозна повреда, скинат преден вкрстен лигамент на коленото и го очекува операција и долга пауза. за него сезоната е завршена, ќе паузира најмалку шест месеци.
На повреда на мускулот се жали и Коста Манев и тој најверојатно нема да биде во комбинација за настап против Шкупи, па Васоски ќе мора да изнајде нови решенија за последната дефанзивна линија.
Гостувањето против Шкупи сигурно ќе го прескокне и Николче Шаркоски кој ќе паузира две седмици поради истегнување на мускулот.
Академија Пандев се наоѓа на претпоследната позиција на табелата во Првата лига и ќе води грчевита битка за опстанок во елитата.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













