
Мали се шансите Аријан Адеми да може да му помогне на македонскиот национален тим на следните две гостувања против Израел и Летонија по повредата што капитенот на Динамо Загреб ја заработи на големото дерби со Хајдук.
Адеми настрада при еден дуел на почетокот од второто полувреме, а по неговото излегување од игра Динамо прими гол и го загуби дербито со 1-0, со самото тоа и лидерската позиција на табелата. Повредата не делуваше нималку наивно, Адеми по укажаната помош остана на клупата, но наскоро потоа доби и црвен картон поради нервозната реакција по една судиска одлуката и приговорите кон главниот арбитар.
Во текот на утрешниот ден се очекува да се утврди точната дијагноза и прогнозите за паузата на Адеми, но се чини дека се минимални шансите за негов настап на септемвриските средби на Македонија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора
