
Напаѓачот на Рома, Пауло Дибала, заработи нова повреда откако беше грубо фаулиран од Хозе Луис Паломино во поразот на „волчицата“ од Аталанта со 3-1. Аргентинецот се опоравуваше од истегнување на бутниот мускул и влезе како резерва на 0-1, а пред самиот крај беше соборен од Паломино пред шеснаесетникот. Дибала го заврши натпреварот, но видно поткривнуваше и практично беше изолиран од игра до крајот на натпреварот.
Според „Ил Темпо“, ѕвездата на Рома има истегнување на скочниот зглоб и ќе биде надвор од терените во наредните недели.
Повреда заработи и дефанзивецот Диего Љоренте. Дефанзивецот има истегнување на тетивата и мораше да го напушти теренот.
Ова е уште еден удар за Рома непосредно пред најважните натпревари во сезоната. Поради повреди отсуствуваат и Крис Смолинг, Џорџинио Вајналдум и Рик Карсдорп.
„Мислам дека секој тренер, дури и во најбогатите клубови, ќе има проблем кога има толку многу повредени. Смолинг е Смолинг, Диего Љоренте одлично се адаптира и сега исто така е надвор од теренот. Очигледно ќе ни биде многу тешко. Не знам кој ќе игра, единствено да влеземе јас и Франческо Тоти“, истакна во свој стил, португалскиот стратег Жозе Мурињо.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Чиро Имобиле ќе паузира два месеца

Евро-фудбал
Алегри сака да го доведе Рабио во Милан
