Манчестер Сити би можел да биде без една од клучните фигури во тимот, Белгиецот Кевин де Бруин, на првиот полуфинален меч во Лигата на шампионите против Реал Мадрид. Дуелот е закажан за 9 мај на „Сантијаго Бернабеу“, а неизвесно е за каква повреда станува збор.
Од англискиот премиерлигаш нема официјална информација за состојбата на Де Бруин, а тој не настапи на последниот натпревар против Фулам (1-2).
Белгискиот интернационалец одигра одличен меч против Арсенал, но беше повлечен во 80.минута, токму поради таа повреда. Лекарскиот тим на „граѓаните“ сигурно ќе стори сѐ да го оспособи за настап.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













