Фудбалската репрезентација на Франција се подготвува за Светското првенство во Катар кое започнува в недела. Но, се појави и првиот проблем за селекторот Дидие Дешамп.
Француските медиуми објавија дека на тренинг се повредил напаѓачот Кристофер Нкунку, член на Лајпциг и најдобар играч во минатата сезона во Бундес- лигата.
На Твитер беше објавено видео на кое се гледа како играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга силни стартува над Нкунку. Тој остана да лежи, а околу него се собраа соиграчите. Сомневањата се дека има повреда на стапалото.
Франција ќе биде во групата Д со Данска, Австралија и со Тунис во Катар, каде од 20 ноември до 18 декември ќе се одржи Светското првенство.
🇫🇷 Nkunku contraint de quitter l'entrainement des Bleus en boitant. pic.twitter.com/yJrL7yHP65
— RMC Sport (@RMCsport) November 15, 2022
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













