
Челси официјално објави дека Кристофер Нкунку заработил сериозна повреда на коленото поради што ќе биде надвор од терените подолг временски период. 25-годишниот француски репрезентативец, кој пред неколку недели беше доведен на „Стемфорд Бриџ“ за 60 милиони евра, веќе е опериран на менискусот на коленото и ќе започне со рехабилитација, додаваат од клубот.
Надежите на Челси се дека тој ќе може да се врати на терените по Нова Година. Кристофер Нкунку настапи на сите пет натпревари за Челси ова лето и постигна три гола. Оваа вест доаѓа како многу сериозен удар за Маурисио Покетино, кој продолжува да инсистира на доведување на нов напаѓач.
Сепак, идејата на Аргентинецот беше да ја започне сезоната со Французинот во врвот на нападот.
Лондончани ја започнуваат новата сезона во Премиерлигата в недела кога ќе го пречекаат Ливерпул на „Стемфорд бриџ“.
Chelsea Football Club has today released the following statement about Christopher Nkunku. ⤵️
— Chelsea FC (@ChelseaFC) August 8, 2023

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal