Полскиот голгетер Роберт Левандовски ќе отсуствува еден месец од фудбалските терени. Тоа ќе биде голем проблем за тренерот Чави Хернандез, со оглед дека нема да може да биде во тимот и за големото дерби против Реал Мадрид на 28 октомври.
Првичните прогнози беа дека Левандовски сигурно ќе го пропушти мечот против Гранада овој викенд, но деталните прегледи покажаа дека повредата на лигаментите на скочниот зглоб е посериозна и дека тој ќе мора да мирува еден месец.
Барселона во моментот е без Френки де Јонг и без Рафиња, и сигурно дека повредата на Левандовски е нов голем удар.
Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement













