Манчестер Јунајтед би можел да остане без „моторот“ на тимот, португалскиот интернационалец Бруно Фернандеш за реванш натпреварот од Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид. Тој покажал позитивен тест на Ковид-19.
На Островот веќе не е задолжително да се замине во изолација после позитивен тест на коронавирус, а во Манчестер Јунајтед сепак се надеваат дека ќе се случи „пресврт“ како што тоа беше и со Давид де Хеа пред Тотенхем.
Бруно Фернандеш не настапи и против Тотенхем, а тогаш работата ја заврши неговиот сонародник Кристијано Роналдо кој постигна хет – трик. Лук Шо и Скот Мектоминај исто така го пропуштија дуелот во саботата, но Ралф Рангник потврди дека се во неговите планови за настап против Атлетико Мадрид.
„Ќе го чекаме Бруно до последен момент. Тој има позитивен тест за Ковид-19 и мора да бидеме внимателни“, изјави Рангник.
Манчестер Јунајтед утревечер на „Олд Трафорд“ ќе го пречека Атлетико Мадрид во реванш мечот од осминафиналето во Лигата на шампионите.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski