Connect with us

ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ: Тиквеш, Лабуништа и Охрид до победи….

Фудбалерите на Тиквеш триумфираа со 2-0 на пријателскиот натпревар против Плачковица. Стрелци на головите за кавадарчани беа Лука Трајковски и Ристе Илијоски.

Екипата на Лабуништа запиша нова победа во подготвителниот циклус триумфирајќи со 2-0 против Питу Гули на тестот кој се одигра во Охрид.

Избраниците на Пепи Џигероски отпорот на гостинскиот состав кој добро се бранеше го скршија во 50. минута кога стрелаше Петар Љамчевски, а конечните 2-0 ги постави Сунај Хасан.

Охрид го запиша и вториот триумф во подготвителниот циклус

Охрид го запиша и вториот трумф низ подготовките во шестиот натпревар. Охриѓани славеа на гостувањето во Кичево против Велазерими со 0-1, со погодокот на Игор Клечкароски.

Охрид претходно славеше против Караорман 3-1, ремизираше со косовски Кек и Гостивар, а загуби од Мачва и Кораб.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови