Фудбалерите на Македонија ЃП со триумф против второлигашот Слога Виници ги заокружија пријателските натпревари пред стартот на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. „Лавовите“ на својот стадион во Ѓорче Петров славеа против виничани минимално со 1-0. Стрелец на победничкиот гол за Македонија ЃП беше Сефер Емини од пенал во 70. минута од средбата.
Беласица, пак, повеќе од убедливо со 6-0 триумфираше против гевгелискиот второлигаш Кожуф. Стрелци на головите за струмичани беа во првото полувреме, Милушев во 5. минута од пенал, и Каланоски во 40. минута. Во вториот дел стрелаа уште и Мирчески во 48. минута, па Каланоски со вториот свој гол во 74. минута, Размоски во 81. минута, како и Митев во 90. минута за конечни 6-0.
Фудбалерите на Струга Трим Лум со победа против Охрид од 2-0 на последниот пријателски натпревар ќе го очекуваат стартот на новата сезона во Првата лига.
Избраниците на Срѓан Захариевски беа подобри на теренот во првото полувреме против охриѓани на дуелот кој се играше на стадионот на СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид. Победата ја обезбедија уште во првите 45 минути со головите на Лена од пенал и засилувањето Марјан Алтипармаковски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Арачиново е хит на досегашниот тек од првенството, а нанижа уште една победа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Диего Контрерас (Арсими)
Шкендија имаше идеален старт на сезоната, но се чини дека и лидерот влезе во...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Роналдо и Ал-Наср посрамени во Абу Даби (ВИДЕО)
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Евро-фудбал
Интер без Чалханоглу на дербито со Рома?
Евро-фудбал
Ајакс доби засилување од Премиер – лигата
Евро-фудбал
Бетис на гости го победи Вилјареал (ВИДЕО)













