Connect with us

Претседателот на Шкупи за шампионската титула: Ова е само почеток на една убава приказна

Сопственикот на Шкупи, Олгун Ајдин, им ја честиташе шампионската титула на сите кои имаа и најмал придонес, им се заблагодари на „Шверцерите“ за поддршката и истакна дека овој трофеј е само почеток на една убава приказна во македонскиот клупски фудбал.


Преку веб сајтот на Шкупи, тој се обрати до јавноста…


Најпрво, честитки за шампионската титула на сите. Се надеваме дека оваа титула ќе биде само почеток на одлична приказна. Не беше лесно да се дојде до оваа позиција, но фала богу, стигнавме до нашата цел. Во оваа приказна ќе доживееме и многу убави нешта. За придонесот во оваа титула сакам да му се заблагодарам на тренерот Гоце Седлоски и на целиот негов стручен штаб, на нашиот капитен Кристијан Наумовски и на сите фудбалери, физиотерапевти, економи, медицинскиот тим, Емир Шабани и Омер Буњаку кои беа дел од клубот. Благодарност и до новиот генерален директор Фуат Шериф, Насер Адеми, Февзи Лајиќ, Ајхан Баришчи, Сердар Дајат, Туфан Дас кои придонесоа за почетокот на оваа приказна и сите клупски кадри кои имаа придонес.

Покрај горенаведеното, имам обврска да им се заблагодарам на нашите фанови „Шверцери“, кои во добри и лоши моменти не поддржуваа, на мојот пријател и брат Суат Алија, кој секогаш ми беше блску иако сме далеку еден од друг, Аднан Синани кој во текот на оваа година во многу критични моменти не поддржа нас, сите претседатели и поранешни вработнеи. Како што кажав погоре, не беше лесно, не стигнавме лесно до оваа позиција, се соочувавме со големи пречки, имаше денови кога луѓето од нашата заедница сакаа клубот да пропадне, бевме изложени на ниски клевети и озборувања и многу нереализирани ветувања.

Сепак, оставајќи го сето ова зад себе, време е да се обединиме и заедно да одиме напред. Бајрам е пред нас, во Бајрам тагата и незадоволството не се дозволени. Им правам ‘халал’ на сите оние кои намерно или ненамерно ни ги повредуваат или скршуваат срцата, го забораваат/бришат минатото. Минатото останува минато, мора да гледаме во иднината.

Во меѓувреме може да има луѓе кои намерно или ненамерно си го оштетиле или скршиле срцето, се надевам дека ќе направат ‘халал’ и ќе ни простат. Исто така, можеби имало клубови со кои имавме проблеми, но не беа многу големи или моменти кога не бевме доволно гостопримливи кон клупските челници, тренери, играчи, денес со ова писмо се извинувам.

Спортот е братство и мир, од најмал до најголем со сите клубови, со медиумите, со Фудбалската федерација на Македонија, ние сме фудбалско семејство. Им благодарам на сите кои придонесуваат за овој спорт. Уште еднаш, честитки за шампионската титула!


Со почит, Олгун Ајдин

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови