Македонскиот првак Шкупи се сопна во плејофот за пласман во групната фаза од Конференциската лига на УЕФА и беше елиминиран од косовскиот тим Балкани. Сега Шкупи им се враќа на домашните обврски и ќе се обиде да ја одбрани титулата, а со соопштение се огласи претседателот Огун Ајдин, кој потенцираше дека клубовите во Македонија се оставени сами на себе, немаат никаков профит, плаќаат сè од свој џеб, а државата на државниот стадион за секој натпревар во Европа на кој ја претставуваат Македонија им бара преголема рента.
„Ја завршивме нашата авантура во Европа. Да се биде сам на секое поле не треба да биде надеж на Шкупи. Но, веруваме дека дел од патот кој го одевме сами, беше успешен. Ама во големи општества, големите работи се остваруваат за уште поголеми причини. Развојот на домашниот фудбал е феномен кој може да се оствари само со соработка од државата, лидерите на клубовите од регионот, големината на општествата, навивачите и клупските лидери. На пример, ние играме во Европа и ја претставуваме Македонија, ама плаќаме рента за стадионот каде ги играме натпреварите. А, таа расте од меч во меч.
Најголемиот проблем во Македонија е дека клубовите немаат приливи на пари. Неприфатливо е клуб кој ја претставува земјата, да дава се од свој џеб, кога нема никаков прилив. Како втор пример, сакаме да изградиме објект за тимот. Овој објект е за тренинг, каде младите ќе тренираат. Тие се иднината на фудбалот. Ние не бараме помош за изградбата, туку бараме помош за земјиштето. Но, за жал, никој не ни помага. Секако дека не можеме да кажеме дека ова е пролемот зошто не влеговме во групите на Конференциската лига, тоа беше поради наши индивидуални грешки.
Се надевам дека ќе се квалификуваме таму во следните години. Ама, ако влеземе и во групи, немаме место за тренинг! Немаме инфрастуктура. А, сакаме да го движиме фудбалот напред. И не сметам дека овој проблем е само на Шкупи, туку не сакаме тоа да биде нашата судбина. Бараме од луѓето во државата да го поддржат цел фудбал, не само нас. Ајде да веруваме во промени на добро. На крај, сакам да им се заблагодарам на „Шверцерите“ затоа што не не оставија сами на ова патување“, истакна претседателот на ФК Шкупи.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski