Првото Светско клупско првенство во новиот формат ќе се одржи во Соединетите Американски Држави од 15 јуни до 13 јули, одлучи ФИФА.
Досега натпреварувањето се одржуваше секоја година на кое учествуваа шампионите од сите континенти, а сега како пандан на репрезентативниот мундијал, ќе се одржува на секои четири години со учество на 32 клуба.
На Мундијалот ќе играат екипи од сите шест континенти, а Европа ќе има 12 претставници. Засега се знае дека тоа ќе бидат Челси, Реал Мадрид и Манчестер Сити, како шампиони на Европа во последните години, односно Баерн Минхен, Пари Сен Жермен, Интер, Порто и Бенфика преку коефициентот.
Сегашниот формат на Светското клупско првенство нема целосно да се укине, туку ќе се претвори во своевидно Куп натпреварување во кое европскиот првак секоја година ќе се бори за трофејот со победникот од плеј-офот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













