
Клубовите од Премиер – лигата имаат итен состанок на кој ќе гласаат за привремена забрана за зделки со позајмици за време на јануарскиот преоден рок меѓу клубови со еден ист сопственик, објавија медиумите на Островот. Одлуката треба да биде одобрена од 14 од 20-те клубови во Премиер-лигата и се очекува да биде објавена на 21 ноември.
Тоа значи дека Њукасл нема да може да привлече ниту една ново ѕвездено име од четирите тима од Саудиска Арабија, кои се во сопственост на државниот фонд за странски инвестиции. Во последните неколку дена се шпекулираше дека „чавките“ ќе го земат Рубен Невеш на позајмица од Ал-Хилал поради суспензијата на Сандро Тонали.
Оваа одлука, сепак, значи дека и другите модели на сопственост на повеќе клубови, како што се „Сити Фудбал Груп“ на Манчестер Сити, Арсенал, Астон Вила, Челси, Брајтон, Вест Хем, Нотингем Форест, Борнмут, Шефилд Јунајтед и Кристал Палас нема да можат да користат таков тип на зделки. Очекуваниот нов малцински сопственик на Манчестер Јунајтед, Сер Џим Ретклиф е сопственик и на лидерот во Лига 1, Ница и веќе започна со шпекулации за можни трансфери во оваа насока во текот на зимата.
Англискиот печат го споменува Њукасл како најсериозно загрижен за идната одлука на тимот, бидејќи сопствениците на „чавките“ поседуваат некои од најголемите тимови во Саудиска Арабија, како Ал-Наср, Ал-Хилал, Ал-Итихад и Ал- Ахли, кои летото успеа да привлечат некои големи имиња од европскиот фудбал.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Тихо Костадинов потпиша за Сигма Оломук

Прва лига
Пелистер се раздели со Срѓан Захариевски

Евро-фудбал
Јувентус се вклучува во трката за Виктор Ѓокереш

Евро-фудбал
Европскиот првак ПСЖ го суреди Атлетико

Прва лига
Шкендија го врати и Ендрит Красниќи

Евро-фудбал
Батурина пристигна во Комо за 17 милиони евра
