Нотингем Форест е казнет со одземање на четири бода на табелата во Премиер – лигата. Казната е изречена од Лигата, а причината е прекршување на лигашките правила поставени за обезбедување финансиска стабилност на клубовите.
Лигата верува дека Нотингем Форест троши повеќе пари отколку што може да си дозволи, со што ја става на ризик долгорочната стабилност на клубот.
По оваа казна, Нотингем Форест од 25 бода падна на 21 и се најде во зоната за испаѓање.
Сосема е јасно дека сега ќе следи жалба од Нотингем Форест, а истото го направи и Евертон, кој за истиот прекршок на почетокот на сезоната доби уште построга казна.
На Евертон му беа одземени 10 бода, но по жалбата – казната беше намалена на шест бода.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













