Connect with us

Премиер – лигата ќе го менува процесот на ВАР – технологијата

Челниците во Премиер – лигата работат на решавање на сите проблеми што ја придружуваа видео технологијата (ВАР) минатата сезона. Бројни судиски одлуки потпомогнати од ВАР технологијата беа осудени од јавноста во претходната кампања во Премиер – лигата. Фановите и гледачите во близина на малите екрани беа револтирани од геометриските анализи, лошите судиски одлуки и покрај фактот дека технологијата им е на дофат на раката.


Некои работи ќе се променат во новата сезона во Премиер – лигата, која произведе многу лоши судии во последните неколку години.


Имено, Премиер – лигата не може да го следи моделот на УЕФА од Европското првенство, кога во една игра беа вклучени двојно повеќе судии при анализа на офсајд ситуации за да се донесе правилна одлука, а исто така, целиот процес беше забрзан. Премиер – лигата не може да исполни такво нешто, бидејќи ги нема потребните ресурси и логистика, како и доволно квалификувани асистенти кои би учествувале на секој натпревар во едно коло.


Покрај тоа, Премиер лигата ќе воведе ниво на толеранција при донесување на офсајд одлуки. Исто така, гледачите ќе бидат поштедени од цртање линии како на час по математика, со оглед дека нема веќе да се покажува процесот на согледување на офсајд позиција.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови