Лестер изминатиов викенд играше против Вотфорд во ФА Купот и победи со 4-1, но „лисиците“ немаат доволно здрави фудбалери за мечот против Евертон во Премиер -лигата закажана за 11 јануари. Поради ова, натпреварот е одложен.
Премиер – лигата и го одобри барањето на Лестер кој истакна нема доволно здрави фудбалери поради позитивни случаи на Ковид-19, повредени и играчи кои настапуваат на Африканскиот куп на нации.
Џејми Варди, Чаглар Сојуну, Џони Еванс, Лук Томас и Патсон Дака имаат повреда на мускул, Рајан Бертранд има повреда на коленото, додека Тимоти Кастан и Киран Девсбери-Хол имаат проблеми со препоните.
Џејмс Џастин се враќа по скинати вкрстени лигаменти додека Рикардо Переира и Весли Фофана се опоравуваат од скршеници.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













