Украинската Премиер лига е суспендирана најмалку еден месец откако Русија започна целосна инвазија на оваа земја. Лигата ја потврди веста преку својата официјална веб-страница по воведувањето на воена состојба од страна на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
По зимската пауза, првенството требаше да се рестартира утре, со првото пролетно коло. Во Украина остана македонскиот репрезентативец Ѓоко Зајков кој е член на Ворскла. Тој пред неколку дена изјави дека донел одлука да остане во Украина и покрај затегната политичка ситуација.
Засега остануваат сомнежи и за плејофот меѓу Шкотска и Украина за СП во Катар, кој е закажан за 24 март во Глазгов.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski