Барселона е во огромна финансиска криза предизвикана од пандемијата на коронавирус, а челниците на клубот на секој начин се обидуваат да ја стабилизираат ситуацијата.
На почетокот на годината многу првотимци се согласија на намалување на платата, а главната цел на клубот сега е да продаде некои од најплатените играчи во тимот и да се стабилизира.
Барселона најде уште неколку начини како да заштеди, а на „удар“ повторно ќе бидат првотимците на каталонскиот клуб.
Шпанските медиуми објавија дека фудбалерите на Барселона годинава нема да добијат божиќни подароци што беше традиција во овој клуб. Челниците порачаа дека едноставно не можат да трошат пари на такви работи.
Фудбалерите на Барселона во претходните години за Божиќ добивале нов мобилен телефон Ајфон или скапи часовници, но оваа година традицијата ќе биде прекината.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил













