Фабрицио Кастори влезе во историјата пред само неколку месеци и како тренер по 22 години чекање ја врати Салернитана во Серија А. Сега, по последниот пораз од Специја (1-2), тој доби отказ.
Клубот од малиот град на југот на Италија го донесе 58-годишниот Стефано Колантуон наместо Кастори, а колку отказот го погоди досегашниот стратег најдобро сведочи фотографијата која го обиколи светот.
Поранешниот тренер на Салернитана е фотографиран како седи со часови сам на една од градските клупи и гледа во празно.
È la foto di un uomo. Solo. Con la sua vita. Pensieri, amarezza. Solo. Al tramonto, in riva al mare, su una panchina, pochi minuti dopo aver perso quella #Salernitana. È solo. Questa foto è un ritratto. Il ritratto di Fabrizio #Castori. Un ritratto da custodire. pic.twitter.com/YBwAHRIqUR
— Michele Spiezia (@MicheleSpiezia1) October 17, 2021
Кастори го предводеше Салернитано во 49 натпревари и забележа 22 победи и 14 порази. Сепак, најсилната италијанска лига беше премногу за неговиот тим, па Салернитана е на дното на табелата со само четири бода.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal