Македонските претставници во Конференциската лига на УЕФА, Шкендија и Академија Пандев, ги дознаа можните ривали за првото квалификациско коло. Ждребот ќе се одржи утре од 14 часот во Нион, додека Македонија ЃП ќе стартува од второто коло во ова натпреварување.
Шкендија е во групата 5 и е носител, а можни противници се Сабуртало (Грузија), Флориана (Малта), Арарат (Ерменија), Тузла Сити (БиХ) и Дечиќ (Црна Гора).
Академија Пандев е во групата 1 и не е носител. Со оглед на тоа ќе добие посилен ривал, а во опција се: Динамо Тбилиси (Грузија), Алашкерт (Ерменија), Дрита (Косово), Лехија (Полска), Милшами (Молдавија).
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













