Connect with us

Познати можните ривали на Македонија во баражот: Италија, Португалија, Русија, Шведска, Шкотска и Велс

Фудбалската репрезентација на Македонија ги доби сите можни ривали во баражот за Светското првенство во Катар. Комплетирани се сите квалификациски групи.


Нашиот национален тим ќе биде меѓу неносителите, заедно со Турција, Полска и со Украина како второпласирани селекции во групите, исто како и Австрија и Чешка кои се пласираа преку Лигата на нации.

Македонија ќе ги чека потенцијалните ривали од селекциите на Италија, Португалија, Русија, Шведска, Шкотска и Велс. Ждребот ќе се изврши на 26 ноември, а турнирите се закажани за крајот на март следната година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови