
Повеќе од половина Французи сакаат селекторот на националниот тим Дидие Дешамп да си замине од позицијата, покажува истражување на социолошката агенција Одокса. За оставката на Дешамп гласале 51% од анкетираните 1005 луѓе над 18 години.
Според 74% од анкетираните, Килијан Мбапе се претставил слабо на првенството, а 66% веруваат дека Антоан Гризман требало да биде стартер во полуфиналето против Шпанија.
Според 84% од анкетираните, причината што Франција не стигна до финалето е слабата ефикасност пред противничкиот гол. Дури 83% сметаат дека тимот не бил доволно агресивен во нападот, а 80% веруваат дека составот на Дешан играл здодевен фудбал.
Истражувањето покажува дека 58% од Французите се разочарани од настапот на фудбалската репрезентација на ЕВРО 2024. Дури 42% од анкетираните се загрижени за иднината на националниот тим.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
