Фудбалот во Велика Британија е живот. Многу повеќе од обично фудбалско натпреварување. Во Премиер – лигата се негуваат поинакви односи, се почитува противникот и се воздигнува за она што го прави за општеството. Англискиот премиерлигаш Евертон на прекрасен начин го пречека Маркус Рашфорд, напаѓачот на Манчестер Јунајтед и англиски репрезентативец, заблагодарувајќи му се за неговата заложба и инвестиициите за помош на гладните и сиромашни деца во целата држава.
Маркус Рашфорд преку својата фондација во овој период на пандемијата на коронавирусот обезбеди преку 20 милиони фунти како донација за обезбедување топол оброк за децата ширум Велика Британија. Затоа од Евертон и од фановите на клубот беше пречекан со билборд со посвета.
„Благодариме што се грижиш за нашите деца на кои им е потребен „глас“, овде на Мерсисајд и во целата држава“, е пораката што ја испратија до Маркус Рашфорд.
Фудбалот на теренот е нешто сосема друго, Маркус Рашфорд со Манчестер Јунајтед освои три бода на „Гудисон Парк“ славејќи со 1-3.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski