Катар посебно внимание посвети на безбедноста на Светското првенство. Со партнери од 13 земји, Катар ќе распореди околу 50.000 полицајци, чувари и други безбедносни сили за да се осигура дека Мундијалот ќе помине без никакви проблеми. Центарот за национална безбедност ќе следи 15.000 безбедносни камери со технологија за препознавање лица на сите осум стадиони на Светското првенство. Поставени се и анти-дронови системи.
„Учеството на силите од пријателските земји со специјализирани вештини ќе биде вистинско дополнување на безбедносните сили на турнирот и овие сили ќе работат под единственото раководство на Катар“, изјави за Ројтерс портпаролот на Министерството за внатрешни работи Џабр Хамуд Џабр ал-Нуаими, но не кажа кои земји се дел од договорот.
Со население од само три милиони луѓе, од кои околу 12% се државјани на Катар, домаќинот на СП се соочи со недостиг на персонал во пресрет на едномесечниот турнир.
Британското Министерство за одбрана потврди дека и Кралските воздухопловни сили и Кралската морнарица ќе придонесат за безбедноста на Светското првенство во Катар.
Турција најави распоредување на повеќе од 3.000 полицајци, меѓу кои 100 офицери за специјални операции, 50 експерти за бомби и 80 кучиња трагачи. Франција ќе испрати 200 полицајци.
Бидејќи Катар е главно полуостров со само една копнена граница на југ со Кралството Саудиска Арабија, обезбедувањето пристап без закана од морето е исто толку критично за Катар како и обезбедувањето на воздушниот простор. Затоа, во последниве години, Катар потпиша многу договори за набавка на напредни бродови опремени со радари и способности за следење.
Два брода од Обединетото Кралство пристигнаа во поморската база Ум Ал-Хул во Катар во петокот како дел од билатералната соработка со Доха за обезбедување на Светското првенство, објави Катарската новинска агенција (QNA). НАТО, исто така, во јуни објави дека ќе обезбеди поддршка, вклучително и „обука против заканите од хемиски, биолошки, радиолошки и нуклеарни материјали.
Големите толпи во град како Доха исто така носат ризици од немири и потенцијални тепачки и масовна паника. Домаќините затоа тренираа со своите партнери за вакви инциденти. Светското првенство започнува денеска со натпреварот меѓу домаќинот Катар и Еквадор.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal