Connect with us

Потресни сцени во Шпанија: Братот на Немања Гудељ колабирал на терен (ВИДЕО)

После само десет минути игра, натпреварот помеѓу Кордоба и Расинг де Ферол во Третата лига на шпанскиот фудбал беше прекинат. Причина се здравствените проблеми на српскиот фудбалер Драгиша Гудељ (25), брат на српскиот репрезентативец Немања Гудељ, кој паднал на тревникот и останал без свест, но и без пулс.


На стадионот настанала тишина штом тој колабирал, играчите се фатиле за глава, а лекарите се упатиле кон теренот. Веднаш им стана јасно за што се работи и почнаа со реанимација додека соиграчите на Гудељ во солзи ја гледале непријатната сцена. Сепак, по неколку моменти успеале да го оживеат и веднаш бил пренесен во блиската болница.

Како што јавува „ABC Cordoba“, Драгиша Гудељ сега е во стабилна состојба и ќе остане во болница, а причината поради која колабирал засега не е позната. Натпреварот е одложен и речиси сигурно нема да продолжи вечерва.

Гудељ кариерата ја започна во младинските категории на НАЦ Бреда бидејќи е роден во Холандија, каде што израснал, но има српско државјанство. После тоа играше за Б тимот на Ајакс, швајцарскиот Волен, португалскиот Гимараеш и сега за Кордоба.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови