Менаџерот Јирген Клоп е голем фан на англискиот репрезентативец Бакајо Сака од Арсенал, а медиумите на Островот објавија дека германскиот стручњак ја одмерува ситуацијата и можноста во јануари да го доведе на „Енфилд“.
„Црвените“ еден месец ќе останат без услугите на Мохамед Салах и на Садио Мане, кои ќе заминат на Купот на Африканските нации. Ориги и Минамино не се фудбалери на кои Клоп може целосно да се потпре, а Фирмино е далеку од вистинската форма, па Жота е единствениот кој му дава сигурност на Клоп во фазата на нападот.
Сака е крилен напаѓач и Јирген Клоп верува дека одлично би се вклопил во неговата филозофија на игра.
Сепак, тоа нема да биде лесен трансфер за реализација. Бакајо Сака има договор до 2024 година, во преговори е и за продолжување на соработката и сигурно дека Арсенал нема да се согласи на отштета под 90 милиони евра.
Сака оваа сезона за „топчиите“ одигра 21 натпревар во сите натпреварувања, постигна шест гола и забележа четири асистенции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил













