Менаџерот на Челси, Грем Потер, остана разочаран по поразот со 1-0 од Борусија Дортмунд во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите. Тој смета дека неговиот тим се претставил добро на овој натпревар и не заслужил да загуби.
Сепак, Потер не губи надеж и верува дека „сините“ можат да ги свртат работите во своја полза во реваншот.
„Голот дојде од контранапад. Бевме блиску до постигнување гол, но тие нѐ нападнаа од контра и постигнаа гол. Разочарувачки е, мораме подобро. Освен тој момент, мислам дека одигравме многу добро. Стоевме цврсто, особено во второто полувреме. Создадовме неколку шанси, но разочаран сум од начинот на кој го примивме голот. Мислам дека доминиравме во второто полувреме. Но, тоа е само прво полувреме од двомечот, мора да се регрупираме за вториот дуел“, изјави Потер.
Единствениот гол на натпреварот на „Сигнал Идуна Парк“ го постигна Карем Адејеми во 63.минута.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













