Connect with us

Постекоглу се скара со навивач на Тотенхем кој поради Арсенал сакаше тимот да загуби од Сити (ВИДЕО)

Очекувано, не сите фанови на Тотенхем беа незадоволни од поразот на тимот од Манчестер Сити (0-2) синоќа во Лондон. Ова поради тоа што со овој резултат големиот ривал Арсенал останува со помали шанси за освојување на титулата во Премиер – лигата.

Еден таков навивач го испровоцира менаџерот на Тотенхем, Анге Постекоглу, да влезе во вербален конфликт со него. За време на натпреварот, менторот се нервираше и се сврте кон навивач кој стоеше зад клупата со зборовите: „А ти за кој тим навиваш?“.

Доколку тимот на Постекоглу освоеше барем бод од овој натпревар, Арсенал ќе одеше во последното коло со предност пред Сити. Со поразот Тотенхем ги загуби и теоретските шанси за учество во Лигата на шампионите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови