
Ливерпул ќе биде одличен тест за Тотенхем во обидите на тимот да се врати меѓу четирите најдобри во англиското фудбалско првенство, изјави менаџерот на тимот Анге Постекоглу.
Ливерпул и Тотенхем се две од четирите досега непоразени екипи во Англија.
„Тие имаат многу добар тим и ова трае со години. Да, минатата година беше тешка за Ливерпул, но тие не ја изгубија идејата, ниту квалитетот. Сигурно ќе имаме одличен тест на нашите амбиции“, рече Постекоглу.
„Ливерпул е различен тим од кој било друг во лигата со начинот на кој игра и пристапот кон секој натпревар. Тоа навистина ќе биде добар тест за нас додека се обидуваме да го наметнеме нашиот стил против тим кој игра фудбал како никој друг. Јирген Клоп е неверојатен менаџер. Тој е еден од ретките кој на некој начин влијаеше не само на неговиот клуб, туку и на остатокот од лигата. Подемот на Ливерпул започна веднаш од неговото доаѓање и неговата филозофија најде многу следбеници меѓу другите менаџери“, потенцира новиот менаџер на Тотенхем.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У16 со убедлив триумф против Црногорците

Интернационалци
Нови Пазар го претстави Јован Манев како ново засилување
