Еден од најдобрите македонски судии Димитар Мечкаровски ја заврши интернационалната кариера. Тој синоќа го судеше мечот меѓу Андора и Летонија (0-5) и се збогува од меѓународната европска сцена. Тој ја мина возрасната граница од 45 години и се повлекува. Се заблагодари на долгогодишниот судиски тим и се потсети на периодот кога ја започна кариерата.
Првпат беше делегиран да суди на европско натпреварување на мечот меѓу селекциите на Португалија и Кипар за фудбалери до 17 години во далечната 2008 година. Првиот сениорски дуел на кој делеше правда на меѓународната сцена е натпреварот Шпанија – Перу.
Мечкаровски стекна непроценливо искуство кое сега ќе има обврска да го пренесе на помладите македонски судии како контролор на судењето.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













