
Португалија и без Кристијано Роналдо е доволна моќна и може да постигне по неколку гола на секој натпревар. Селекцијата на Роберто Мартинез ја победи Финска со 4-2 во Лисабон во првата подготовка за настап на Европското првенство.
Франциско Консеисао го одигра само вториот меч за сениорскиот национален тим и импресионираше со две асистенции и изнуден пенал. Рубен Дијаш во 17.минута донесе водство, а Диого Жота од пенал погоди за 2-0 во 45.минута. Бруно Фернандеш во 55.минута го постигна третиот гол за Португалците, а потоа со два гола Тимо Пуки ја врати неизвесноста на овој дуел.
Сепак, за конечните 4-2 повторно стрелаше Бруно Фернандеш во 84.минута.
Австрија ја победи Србија со 2-1 во Виена. Патрик Вимер во десеттата минута и Кристоф Баумгартнер три минути подоцна донесоа два гола предност за Австрија, а стрелец за Србите беше Страхиња Павловиќ во 35.минута.
Европскиот првак Италија одигра реми без голови против Турција на тестот во Болоња.
Ирска ја победи Унгарија со 2-1, Романија и Бугарија ремизираа без голови, додека Швајцарците ја декласираа Естонија со 4-0.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Тихо Костадинов потпиша за Сигма Оломук

Прва лига
Пелистер се раздели со Срѓан Захариевски

Евро-фудбал
Јувентус се вклучува во трката за Виктор Ѓокереш

Евро-фудбал
Европскиот првак ПСЖ го суреди Атлетико

Прва лига
Шкендија го врати и Ендрит Красниќи

Евро-фудбал
Батурина пристигна во Комо за 17 милиони евра
