Connect with us

Португалците лесно ја прескокнаа Турција за осминафинале на ЕП (ВИДЕО)

Португалија патува во осминафиналето на Европското првенство откако ја оствари и втората победа во вториот свој натпревар. Ако се измачија за да дојдат до триумф против Чешка (2-1), овојпат Роналдо и другарите навреме ја завршија работата и лесно ја прескокнаа Турција славејќи со 3-0.

Бернардо Силва во 21.минута го отвори резултатот на овој меч, а седум минути подоцна Самет Акајдин си постигна автогол кој веројатно и го реши победникот.

Во второто полувреме, Кристијано Роналдо му асистираше на Бруно Фернандеш за третиот гол во 56.минута и стана најдобар асистент на сите времиња на европските првенства.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови