Португалија го потврди првото место во групата 1 од Лига А откако ја декласира Полска со 5-1. Интересно е дека по првиот дел немаше голови, а дури шест беа постигнати во второто полувреме. Рафаел Леао го отвори резултатот во 59.минута, а потоа Кристијано Роналдо погоди од пенал во 72.минута. Бруно Фернандеш зголеми на 3-0, а до крајот стрелаа и Педро Нето и уште еднаш Кристијано Роналдо.
Доминик Марчук во 88. минута го постигна почесниот гол за Полска.
Шпанија на гости славеше против Данска со 1-2. Ојарзабал го отвори резултатот, а Ајозе Перез зголеми на 0-2. Исаксен го постигна голот за Швеѓаните во 84.минута.
Шкотска ја совлада Хрватска со 1-0, со голот на Џон Мекгин во 86.минута.
Швајцарија и Србија одиграа 1-1. Амдуни ги доведе Швајцарците во водство, а израмни Алекса Терзиќ во 88.минута од мечот. Александар Митровиќ не реализира пенал, а Душан Влаховиќ имаше неверојатна шанса, но не ја искористи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Интернационалци
Агон Елези стрелаше во вечното босанско дерби (ВИДЕО)
Евро-фудбал
ПСЖ ја наполни мрежата на Рен
Евро-фудбал
Беренгер го урна Атлетико Мадрид (ВИДЕО)













