
МАКФУДБАЛ во Порто,
Порто е градот кој ја отвора мундијалската порта за Македонија. По елиминацијата на европскиот првак Италија, избраниците на селекторот Благоја Милевски дојдоа на чекор до тоа што некогаш само сме го сонувале – Македонија да игра на Светско првенство.
Но, Катар се уште е далеку. Пред нив стои исправена селекцијата на Португалија, поранешниот европски првак, со ѕвезди како Кристијано Роналдо, Бернардо Силва, Диого Жота, Пепе…
Сепак, македонските репрезентативци „пукаат“ од самодоверба по елиминацијата на Италија.
„Покажавме дека можеме. Знаеме дека Португалија е фаворит, но знаеме и дка можеме против најсилните. Ќе треба да одиграме уште еден неверојатен меч и да го оствариме сонот на сите – Македонија да игра на Светско првенство. Имаме 90 минути кои се можеби најзначајните во нашите кариери“, изјави Елиф Елмас.
Националниот тим вечерва ќе тренира на стадионот „Драгао“ каде за утревечер е закажана големата финална пресметка со Португалија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Галатасарај во офанзива за Ким Мин-Јае

Евро-фудбал
Олимпик Марсеј сака да го врати Нејмар во Европа
