Актуелниот српски првак Црвена Звезда би можел да направи промена на тренерската позиција во текот на зимската пауза, откриваат медиумите во Србија.
Израелскиот стратег Барак Бахар не ги оправда очекувањата, тој беше доведен за многу подобри резултати во групната фаза од Лигата на шампионите кои не се остварени. Покрај тоа, Црвена Звезда заостанува и зад вечниот ривал Партизан во првенството на Србија.
Поради ова, голема е веројатноста Барак Бахар да добие отказ во текот на зимата, а името кое што се споменува како негов наследник е Жељко Бувач, поранешниот асистент на Јирген Клоп во стручниот штаб на Ливерпул.
Бувач во моментот е спортски директор во Динамо Москва, а најголем проблем е разделбата со Барак Бахар поради превисоката отштета што треба да ја добие при евентуален раскин на договорот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













