
Поранешниот руски фудбалски репрезентативец Алексеј Бугајев го загубил животот вчера за време на воените судири меѓу Русија и Украина, на 43-годишна возраст, објави неговиот адвокат Антон Смирнов.
Тој бил убиен во областа позната како Северен воен округ. Бил испратен на фронтот како казна, бидејќи претходно бил затворен за продажба на дрога. Со Министерството за одбрана на Русија склучил договор да учествува во воените операции, надевајќи се дека поради својата спортска историја нема да биде испратен во првите борбени линии. Сепак, три месеци по изрекувањето на затворската казна и неговото учество на фронтот, загинал.
Бугајев ја започнал својата фудбалска кариера во Торпедо Москва и настапувал за клубовите Томск, Локомотив, Химки и Краснодар. За руската репрезентација одиграл седум натпревари, вклучувајќи го и учеството на Европското првенство во 2004 година. Во септември оваа година, бил осуден на затворска казна од 9,5 години, откако кај него биле пронајдени половина килограм наркотични средства.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal