Connect with us

Полувреме: Украина води 1-0, Миовски и Ашковски можеа да израмнат (ВИДЕО)

МАКФУДБАЛ во Прага,
Никола Ѓуровски


Фудбалската репрезентација на Украина има водство од 1-0 против Македнија по првото полувреме од квалификацискиот меч во Прага за пласман на ЕВРО 2024. Стрелец на голот беше Георгиј Судаков во 31.минута.

По примениот гол, Македонија имаше две големи шанси за израмнување, преку Бојан Миовски и Стефан Ашковски. Но, украинскиот голман Трубин двапати излезе како победник.


Украина тргна офанзивно, Довбик во 12.минута побегна од десната страна, но Столе Димириевски имаше одлична интервенција. Три минути подоцна проби Мудрик од левата страна, но повторно Столе Димитриевски беше на висина на задачата.


Во 22.минута, се закани и Македонија. Бојан Миовски доби одлична длабинска топка, шутираше откосо од левата страна, но Трубин одбрани.


Во 31.минута, Украина дојде во водство. Георгиј Судаков се одлучи на удар од 18 метри, топката удри во македонски дефанзивец, го измами Столе Димитриевски и ја затресе мрежата на Македонија.


Бојан Миовски можеше да израмни само пет минути подоцна. Доби одлична топка од Манев, го надмудри противникот, шутираше, но Трубин одбрани.


Во 37.минута, Миовски му подготви шанса на Ашковски, тој шутираше откосо од десната страна, но повторно Трубин спречи израмнување.


Во 44.минута, Елиф Елмас шутираше од левата страна, но крај голот на Украина.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови