Италијанскиот калчолигаш Лацио е под истрага на државните власти поради сомнежи за лажирање на резултатите од Covid-19 тестирањата што ги врши римскиот клуб над своите фудбалери. Поради ова во текот на вчерашниот ден зачукала полиција на вратата на тренинг – кампот Формело. Римјаните пак тврдат дека сето ова е масло на Јувентус во пресрет на денешниот меч.
Посериозни сомнежи се појавија во јавноста во Италија откако тројца фудбалери, Чиро Имобиле, Лукаш Леива и Томас Стракоша, беа негативни на тестирањата за Серија А, но веднаш потоа појавија позитивни тестови при проверките на УЕФА. „Лацијалите“ се обидоа да се извлечат со ставот дека тестирањата на УЕФА имале погрешни резултати, но потоа се докажа дека сепак фудбалерите имаат коронавирус.
Полицијата наводно запленила докази кои докажуваат малверзации на раководството на Лацио, а Имобиле, Леива и Стракоша дефинитивно ќе го пропуштат денешниот дуел со Јувентус затоа што мораат да бидат во изолација. Истрагата ќе продолжи, а Лацио може да се соочи со огромни казни, па дури и исфрлање во Серија Б.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski