Connect with us

Пол Погба мора на операција, ќе го пропушти Светското првенство

Алтернативните решенија не помогнаа, Пол Погба се обиде да тренира, не можеше, коленото му е проблематично и Јувентус денеска донесе одлука Французинот да биде опериран.


Не се знае колку време ќе треба да отсуствува Погба, но би можело да се претпостави дека под знак прашалник е и неговиот настап на Светското првенство во Катар, кое започнува за два и пол месеци.

Погба мора да оди на операција на менискусот, по што следува нов период на рехабилитација, а наскоро се очекуваат подетални информации.

За овој тип на операција, заедно со рехабилитацијата, е потребна пауза меѓу два и три месеци, па јасно е дека шансите Французинот да го пропушти Мундијалот се многу поголеми отколку да биде во авионот за Катар. .

Во најдоброто сценарио, наводно, со забрзана рехабилитација би можел да се врати за шест недели, но и тогаш е прашање каква физичка форма би можел да биде во ноември.

Погба летово по шест години се врати во Јувентус, но допрва треба да дебитира, бидејќи веднаш се повреди.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови