Пари Сен Жермен во последен миг го доби дербито против Лион (2-1) на „Паркот на принцовите“, и тоа откако Маурисио Покетино го повлече од игра Лионел Меси во неговиот прв меч пред фановите во Париз. Меси остана зачуден, не се поздрави со тренерот, а потоа и делуваше разочарано на клупата за резерви.
Но, Покетино не е премногу загрижен. Вели дека негова работа е да прави замени во тимот за да може да победи.
„Ние тренерите мораме да направиме избор во екипата, а потоа и во одредени делови од натпреварот да влечеме потези размислувајќи го најдоброто за тимот и за секој играч. Понекогаш одлуките се позитивни, а понекогаш и не. Исто така, може на некого да му се допаѓаат или не“, изјави Маурисио Покетино.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal